На почеток
Данлодирај
Функционалности
Контакт


Материјална евиденција

  • Изготвување на соодветна документација за прием, издавање и евидентирање на стоки и услуги:
    • Фактура
    • Профактура
    • Одобрување
    • Приемница
    • Испратница
    • Повратница
    • Приемен лист
    • Дневен пазар
    • Нивелација на цени на залиха
    • Нивелација на цени од продажба
    • Почетно салдо
    • Расход
    • Пребување
  • Вреднување на залихата според еден од двата методи:
    • ФИФО – прво набавено, прво издадено
    • Просечни набавни цени – пондериран просек
  • Евиденција на залихата во повеќе од еден магацин или продавница
  • Поврзување меѓу документите и автоматско преземање на содржината, пример:
    • Една заедничка фактура врз основ на две претходни испратници
    • Повратница врз основ на претходна приемница или испратница
    • Интерна приемница врз основ на интерна испратница
  • Изготвување на извештаи врз основ на евидентираната документација
    • Извештај - Лагер листа
    • Извештај - Влез – Излез
    • Извештај - Материјална картичка – МЕТГ
    • Извештај - Наплата по комитенти
    • Извештај - Наплата по документи
    • Извештај - Картичка на комитент
  • Прием или издавање на роба во различни единици мери и автоматска трансформација на количините и цените, пример:
    • Еден артикал се води бројчано во парчиња, но во фактура од добавувачот е изразен во килограми
    • Истиот артикал подоцна може да се издава на парчиња, метри или друга единица
  • Конфигурирање според свои потреби:
    • Да дозволува или да не дозволува залихата да оди во минус
    • Вреднување на залихата според ФИФО или просечни набавни цени
    • Вклучување на рабатот како додатен податок во евиденцијата и документацијата
    • Како да се заокружува износот за наплата
    • Дали цената без ддв или цената со ддв ќе биде појдовен податок
  • Сервис и автоматска корекција и рекалкулација на материјалната евиденција
    • Автоматска обнова и рекалкулација на цени, износи и количини
    • Автоматско израмнување на децималите на цените
    • Автоматска распределба на наплати од изводи или збирни уплати
    • Автоматска рекалкулација на нивелации на цени од продажба
    • Автоматско префрлање на залихи од мината година
    • Автоматско префрлање на побарувања и наплати од мината година

Фискална каса

  • Водење на малопродажба
  • Издавање на фискални сметки
  • Сторнирање на веќе издадени фискални сметки
  • Работа со баркод скенер
  • Принтање на фискални извештаи директно од фискалниот принтер
    • Дневен извештај со нулирање и затворање на промет
    • Дневен контролен без нулирање
    • Периодичен скратен
    • Периодичен детален
  • При затворање на Дневен Промет, автоматско креирање на документ Дневен Пазар во продавница
  • Ресторантски режим на работа на касата
    • Евидентирање на маса во склоп на сметка
    • Водење на сметките според келнер
    • Брза најава и одјава на келнер со филтер на сопствени и отворени сметки
    • Дополнување на отворените сметки преку нарачки и печатење на нарачки кон кујна
    • Евиденција на повеќе нарачатели во склоп на една отворена сметка
    • Автоматско двоење на сметката според нарачател
    • Издавање на сметки со флексибилен ДДВ од 5% за нарачки кои се консумират надвор од ресторанот
    • Автоматска изработка на Работен налог според производствени нормативи во кујна и раздолжување на репроматеријали
  • Преправка на сметката во фактура, испратница или расход
  • Привилегиран корисник - специјален режим за работа, доклоку има потреба било што да се корегира
    • Усогласување на податоците во програмот со фискалната евиденција
    • Промена на статусот на веќе фискализирана сметка
    • Увид и можност за корекција во веќе затворените промети

Банкарски изводи

  • Евидентирање на платен промет преку банкарски сметки
  • Формирање на основа за автоматска распределба на наплати при влезни и излезни фактури
  • Изготвување на извештај врз основа на евидентираниот банкарски промет
    • Извештај - Исплати и уплати по комитенти

Производство по нормативи

  • Дефинирање на артикли кои ќе бидат репроматеријали, готови производи и нуспроизводи
    • Можност да се одреди од кој магацин ќе се повлекува репроматеријалот
    • Можност да се зададе фиксна цена на чинење на репроматеријалот
    • Можност да се зададе додатен производствен трошок како и фиксен трошок по готов производ
  • Дефинирање на нормативи за производство на готови производи со евентуални нуспроизводи
    • Количина на репроматеријалот за единица готов производ
    • Количина на нуспроизвод за единица готов производ со процентуална распределба на трошок
  • Изработка на пресметковен Работен налог (не повлекува репроматеријали од залиха и не задолжува готови производи)
  • Изработка на Работен налог кој ја ажурира залихата во магацините
    • Испратница кон производство (репроматеријали)
    • Испратница од производство (готови производи и нуспродукти)
  • Волшебник за реализација на работниот налог во фази на реализација
    • Пресметка на сумарни репроматеријали според зададени нормативи
    • Автоматска изработка на материјалини документи за раздолшување на репроматеријали
    • Пресметка на цената на готовите производи според пропорционална распределба на директен трошок од репроматеријали
    • Пресметка на сумарните нуспродукти според зададените нормативи и пропорционална алокација на трошок
    • Автоматска изработка на материјален документ за задолжување на готовите производи и нуспродуктите
  • Целосна контрола во процесот на пресметката со можност за рачна корекција помеѓу секоја фаза
    • Корекција на автоматски преземените нормативи за репроматеријали и нуспродукти
    • Корекција на пресметаната сумарна количина по репроматеријал
    • Корекција на пресметаната сумарна количина по нуспродукт
    • Вклучување на дополнителен репроматеријал за тој работен налог
    • Вклучување на дополнителен нуспродукт за тој работен налог
    • Промена на магацинот од кој ќе се раздолжува репроматеријалот
    • Промена на пресметаниот директен трошок по репроматеријал
    • Задавање на додатен производствен трошок по готов производ
  • Автоматска изработка на Работен налог во режим на ресторантско работење (производство во кујна)
    • Во моментот на затворање на Дневен промет во каса, за артиклите кои се дефинирани како готови производи:
      • целосно автоматски изработка на Работен налог според дефинираните нормативи
      • автоматска припрема на Работен налог со можност за докореција и реализација во фази
    • Отпосле со ретроактивно креирање на Работен налог и Дневен пазар за Дневен промет во каса кој е затворен на некој претходен датум

Финансово книговодство

  • Водење на финансово книговодство на една или повеќе фирми
  • Изготвување на книговодствена документација:
    • Налог книжење
    • Налог спецификација
    • Конто картица
    • Конто спецификација
    • Бруто биланс
    • Извод на отворени ставки
  • Автоматско преземање на контен план од два готови контни плана:
    • Контен план за трговски друштва
    • Контен план за корисници на средства од буџетите и фондовите
  • Два можни начини за расчленување на аналитиката:
    • Рачно - во самиот контен план со додавање на нови аналитички конта
    • Автоматски - со дефинирање и доделување на групи аналитики на одредени конта
  • Дополнителна евиденција со можност за поврзување на книжењата според документ
    • Поврзување на книжењата на задолжувања по фактурите со соодветните книжења на изводи за наплати по основ на тие фактури
    • Книжење на фактури со задавање на валута како краен рок за наплата
    • Извод на отворени ставки со можност за преглед според доспеаност, наплатеност, навременост или комбинирано
  • Сервис за автоматско преземање на почетно салдо од претходната работна година

Корисничка заштита

  • Можност за работа со повеќе корисници и секој корисник да има сопствена лозинка за најава при работа и со тоа да се спречи неовластен пристап до податоците
  • Можност за секој корисник поединечно да му се доделат различни права и ограничувања за пристап и менување на податоците
    • Најавениот корисник може да нема никаков пристап до одредени податоци
    • Најавениот корисник може само да ги гледа, но не и да ги менува одредени податоци и да ги генерира само дозволените извештаи
    • Најавениот корисник може да има целосен пристап до одредени податоците, да ги менува или брише постоечките или да внесува нови податоци
  • Можност за заклучување на податоците до одреден датум или целосно заклучување на работната година
    • На внесените податоци, за одреден период може да се направи контрола на точноста и да се заклучат со цел да се превенират евентуални случајни или намерни измени во истите
    • Администратотот само на одредени корисници може да им додели право да ги отклучуваат и заклучуваат податоците
    • Оваа заштита се надоврзува и работи во спрега со постоечките ограничувања на најавен корисник

Дополнителни сервиси

  • Архивирање на датабазата до одреден временски период со цел периодично да се заштитуват податоците
  • Обнова на оштетената датабаза преку реставрација на претходно архивирана датабаза
  • Автоматска надоградба на постоечката датабаза после надоградба со понова верзија на програмот
  • Автоматско преземање и надоградба на понова верзија на програмот објавена на Интернет






За кого е EuroSoft?

EuroSoft е наменет за

  • Трговци на големо
  • Трговци на мало
  • Ресторани и кафичи
  • Производители
  • Индивидуални книговодители
  • Книговодствени бироа

дознај повеќе...